Леброн за трејдот на Кајри во Далас: Ме разочара!

895

Една од најголемите ѕвезди на НБА лигата, Леброн Џејмс, изјави дека е разочаран што Кајри Ирвинг не го засилил неговиот тим, ЛА Лејкерс.

30-годишниот кошаркар беше трејдуван од Бруклин во Далас, а според американските медиуми Нетс намерно не сакале да ја прифатат понудата на „езерџиите“, за да не го направат ЛА Лејкерс уште посилен.

„Не можам да седам и да кажам дека не сум разочаран бидејќи не донесовме таков талент. Тој е кошаркар со кој имав одлична хемија на паркетот, а исто така, тој е и некој кој ви помага да освојувате титули“, вели Џејмс.

Леброн и Кајри веќе беа соиграчи во Кливленд и токму овој тандем го доведе тимот до шампионски прстен во 2016 година.

ПретходноПо многу пресврти: Борец го доби дербито со Лирија
СледноНастапот на светското клупско првенство може да биде клучен за иднината на Анчелоти