Л’Екип: Отворена истрага против ПСЖ, ангажирале советник, а го плаќале како тениски тренер

235

Денешното издание на престижниот Л’Екип објавува дека обвинителството во Париз отвара истрага според која треба да се утврди дали тимот на ПСЖ нелегално ангажирал советник со име Хичам Боуаџила кој работел во клубот од 2015 година но истрагата треба да докаже дека всушност бил плаќан од страна на тениска академија во Доха со име „Smash“.

Истрагата и евентуалното обвинение ќе ги терети и клубот, но и сопственикот Насер Ал Келаифи. Договорот потпишан во 2015 година го ангажирал Боуаџила како тениски тренер, но всушност тој цело време бил дел од парискиот гигант, а не од академијата на Блискиот Исток.

Новинаркста екипа на Л’Екип го контактирале клубот, но оттаму добиле само демант дека таква личност било кога била дека од ПСЖ или пак од BEIN Media group телевизиската мрежа која што е исто така е во сопственост на Ел Келаифи.

 

ПретходноСојунчу побара помош за Турција, Лестер реагираше на најдобар можен начин (ВИДЕО)
СледноМанчестер Ј. за 120 милиони евра ќе го добие Осимен од Наполи?