Настапот на светското клупско првенство може да биде клучен за иднината на Анчелоти

115

Раководството на Реал Мадрид ја губи довербата во Карло Анчелоти. Позицијата на Анчелоти во Реал Мадрид е ослабена по поразот од Барселона во Суперкупот на Шпанија и особено по последните неуспеси во првенството по кои лутиот ривал веќе направи предност од 8 бодови на табелата во Ла Лига.

Според шпански извори, настапот на Реал (М) на Светското клупско првенство може да биде пресуден за Анчелоти. Оваа позиција на тренерот е поврзана не само со резултатите на тимот, туку и со општото чувство на неговата игра.

Анчелоти, кој веќе знае дека односот кон него во раководството на Реал Мадрид е променет, нема простор за грешка.

Реал Мадрид утре ќе ги одмери силите со Ал Ахли во полуфиналето на Светското клупско првенство.

ПретходноЛеброн за трејдот на Кајри во Далас: Ме разочара!
СледноЕнтони Џошуа на 1 април се враќа во рингот