Обвинителот кој го истражува Јувентус: Ги мразам (ВИДЕО)

350

На социјалните мрежи се појави ново скандалозно видео во кое Чиро Санториело, именуваниот обвинител во случајот со финансиската манипулација против Јувентус, вели дека го „мрази Јувентус“ бидејќи е голем навивач на Наполи. „Старата дама“ беше казнета со одземање на 15 бода од контото сезонава во Серија А, но истрагата против клубот во случајот наречена „Призма“ се уште трае и ја води токму Санториело.

Во интервјуто, кое е од 2019 година, обвинителот многу отворено зборува за неговата зависност од фудбалот. Водителот се пошегува за неговата страст за спортот и за разликите меѓу нив двајца.

„Помеѓу нас постои разлика, бидејќи вие сте обвинител, а јас адвокат. Ти навиваш за Наполи, јас за Интер“, изјави водителката. Тогаш Санториело одговара: „Се додека не е Јувентус. Јас сум супер навивач на Наполи и го мразам Јувентус“.

Нормално, видеото кое се појави предизвика многу реакции на социјалните мрежи, но и многу прашања за објективноста на обвинителот, кој ќе мора да биде целосно непристрасен во водењето на истрагата. Јувентус најверојатно ќе преземе мерки да го отстрани Санториело и да го замени со друг.

ПретходноПинтуро е светски првак во комбинација (ВИДЕО)
СледноКалин-експрес, загуби еден гем и завери осминафинале во Тунис!