Пеп „мие раце“ од криминалот во Сити и си заминува!?

933

Влијателни личности во тимот на Манчестер Сити очекуваат менаџерот Пеп Гвардиола да си замине пред официјално да биде објавена можната казна на клубот и да го напушти што се вели „бродот што тоне“. Премиер лигата вчера ги обвини „Граѓаните“ за систематски финансиски малверзации во период од девет години. Од клубот јавно изјавија дека се убедени во нивната невиност. Сепак, вчера и денеска на Островот силно се расправаше дека ќе има казна за Сити. За да се случи тоа, назначената независна комисија мора да се произнесе дали има докази за вината на клубот. Се уште не е јасно кога тоа ќе се случи. Се верува дека останатите клубови од Премиер лигата се залагаат за санкција пред крајот на тековната сезона.

Според Ди Атлетик на стадионот „Етихад“, очекувањата се дека ако работите тргнат на лошо за клубот и казната биде реална, тогаш Гвардиола ќе побрза да си замине пред да биде официјално објавено.

Уште во мај 2022 година, Гвардиола преку новинарите тврдеше дека им рекол на сопствениците на Сити дека ако некогаш го излажат, веднаш ќе си замине. Индикативно е дека Пеп ќе се обиде да се огради од какви било потенцијални злоупотреби доколку има доволно докази за нив.

Актуелниот договор на Гвардиола со Манчестер Сити е до 2025 година.

ПретходноЕкс фудбалски репрезентативец на Сирија и неговиот син меѓу загинатите во земјотресот
СледноПинтуро е светски првак во комбинација (ВИДЕО)