Во последниот натпревар од првото пролетно коло во домашното одбојкарско првенство, одбојкарите на ГОК Борец ја совладаа Лирија со 3:2 (24:26, 25:16, 25:19, 19:25, 15:8).
Во натпревар со многу пресврти, велешани се израдуваа на деветтата сезонска победа, за трето место на табелата со еден триумф помалку од второпласираната Шкендија. Лирија е четврта и ќе ја продолжи битката со Работнички и со Весна Пробиштип за влез во полуфиналето од разигрувањето.