Младата надеж на италијанскиот фудбал, Николо Заниоло, по целата трансфер сага на крајот ќе заврши во турски Галатасарај.
Според новинарот Фабрицио Романо, играчот од средниот ред попладнево ќе одлета за Истанбул за да ја заврши својата преселба во Галатасарај. Рома ќе добие 20-22 милиони евра за играчот кој ќе потпише 4-годишен договор со турскиот клуб со плата од 3,5 милиони евра годишно. Договорот на Заниоло со Галатасарај ќе вклучува клаузула за превремен раскин во вредност од 35 милиони евра.
Заниоло за време на јануарскиот преоден рок поднесе барање за трансфер, но клубот доби само една официјална понуда од Бурнмаут, кој подоцна се повлече.