Сигурни сме дека името Жоао Мендеш не ви е познато, но ако ви кажеме дека неговиот татко е легендарниот Роналдињо и дека потпишал за Барса, тогаш тоа е сепак вест.
Бразилецот пристигна во Каталонија на церемонијата на весникот Мундо депортиво, а за каталонските медиуми само потврди дека неговиот син Жоао Мендеш е нов член на Барселона.
Играше за Крузеиро, но со заедничка согласност го раскина договорот со бразилскиот клуб, а неговиот татко го комплетираше трансферот во Барселона.
Жоао е роден во 2005 година, токму во времето кога неговиот татко го играше својот најдобар фудбал во Барселона.
Тој игра на позицијата напаѓач, но прво ќе треба да се докаже во Барса Атлетик.