Синот на Роналдињо потпишува за Барселона

217

Легендата на Барселона и бразилскиот национален тим Роналдињо во интервју за „RAC-1“ зборуваше дека неговиот син Жоао Мендес ќе потпише договор со Барселона. Претходно шпанските медиуми пишуваа дека 17-годишниот Бразилец тренира со младинскиот тим на Барселона, па тренерите ги следат неговите вештини пред да донесат одлука, а сега Роналдињо открива дека одлуката е донесена.

„Мојот син ќе остане во Барселона и ќе игра за Барселона. По овој трансфер, јас ќе останам подолго време во клубот“, изјавил Роналдињо.

Жоао Мендес претходно бил член на Крузеиро.

ПретходноАл Хилал го шокира Фламенго и ќе игра во финалето на Светското клупско првенство (видео)
Следно„Српската врска“ му донесе победа на Јувентус во Салерно (видео)