„Скај Спортс“: Ако се докажат финансиските малверзации, „граѓаните“ ќе останат без некоја од титулите?!

321

Англискиот шампион Манчестер Сити може да биде казнет за финансиски прекршоци. Ккао што пишуваат дел од меидумите на Островот, ако се покажат како точни наводите за финансиски малверзации во сите овие години, клубот може да остане без бодови во англискат елита, па дури и да биде исфрлен од Премиер лигата.

„Скај Спортс“, повикувајќи се на прописите на Премиер лигата, пишува дека независната комисија која го разгледува случајот со Манчестер Сити може да го отстрани клубот од учество во првенствените натпревари, да му препорача на раководството на лигата да ги повтори некои натпревари и да нареди исплата на обештетување. Исто така, комисијата може да побара условна казна или парична казна, која ќе биде насочена кон надоместување на настанатата штета.

Доколку се докаже вина, Манчестер Сити ќе ја почне новата сезона со минусно бодовно салдо, па дури може и да му бидат одземени трофеите од претходните сезони.

ПретходноЕнтони Џошуа на 1 април се враќа во рингот
СледноСкоро комплетни, битолчани денеска бараат изненадување против Архус во Данска