Скоро комплетни, битолчани денеска бараат изненадување против Архус во Данска

143

Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер, денеска (18.45 ч.) во Данска ќе го има првиот европски натпревар за оваа полусезона. По шест одиграни средби во првата фаза во групата, битолчани имаат скор од 2 победи, едно реми и три порази, па на денешното гостување во Данска кај екипата на Архус ќе атакуваат на трета сезонска победа.

Синоќа тимот предводен од Ларс Валтер го одржа официјалниот тренинг, а

по подолго време во составот се скоро сите ракометари. Во комбинација за настап денеска ќе бидат и Мартин Велковски и Мохамед Суси, кои не играа во СЕХА лигата.

„Видливо беше дека ни недостига темпо на претходните два натпревари. Против Нексе беше нешто подобро, но мора уште малку да се подобриме. Архус Скандеборг игра добра сезона досега, но тимот има падови и подеми. Наша цел е да ги фатиме во пад во вторник. Брзи се, треба да го сопреме нивниот контра напад. Околу 30% од головите ги постигнуваат од контра напади и не треба да ги правиме истите грешки како на последните два натпревари“, вели тренерот на битолчани, Валтер.

Судии на мечот ќе бидат Марион Кун и Алвар Тинт од Естонија.

Претходно„Скај Спортс“: Ако се докажат финансиските малверзации, „граѓаните“ ќе останат без некоја од титулите?!
СледноЧелзи го ангажираше психологот на рагби репрезентацијата на Нов Зеланд