Душан Влаховиќ и Филип Костиќ се креаторите на победата на Јувентус на гостувањето кај Салернитана со 3:0 во последниот меч од 21.коло на Серија А.
Во 26. минута Влаховиќ од пенал донесе водство за „Старата дама“, а во 45 минута Костиќ погоди на асистенција на Влаховиќ.
Само што почна второто полувреме Влаховиќ се најде во добра позиција и не погреши за 3:0. Тој резултат остана до крајот.
За Јуве кој е на 10. место ова е прва победа после три кола без успех. Во нив запиша порази од Наполи (5:1) и од Монца (2:0), реми со Аталанта (3:3), па сега успеа да се врати со победа. Салернитана е на 16. место на табелата.