Томпсон погоди 12 тројки за победа на шампионот, Далас победи и без Дончиќ

167

Шампионот Голден Стејт Вориорс славеше над Оклахома со 141:114 и ја постигнаа втората последователна победа во НБА лигата. Актуелните шампиони ги предводеше Клеј Томпсон со 42 поени, од кои постигна 12 „тројки“ од 16 обиди. Џордан Пул постигна 21 поен со 12 асистенции, а Ендрју Вигинс 18 поени.

Бостон го победи Детроит со 111:99 и го задржаа најдобриот скор во лигата. Џејсон Тејтум ги предводеше Селтикси со 34 поени, 11 скока и шест асистенции, откако ги промаши првите пет шута од натпреварот.

Во малото дерби, Лос Анџелес Клиперс го победи Бруклин со 124:116 и го доби осмиот во последните 10 натпревари. Пол Џорџ ги предводеше Клиперси со 29 поени, а Кави Ленард постигна 24 поени со шест асистенции.

Пред натпреварот, Бруклин објави дека трговскиот договор со Далас е завршен и дека Кајри Ирвинг и Маркиф Морис го напуштиле клубот, во замена за Спенсер Динвиди, Доријан Фини-Смит и неколку пикови од првиот и вториот круг на претстојните драфтови.

Далас, без Дончиќ, славеше на гости кај Јута. Мавси победија со 124:111 во меч во кој младите Грин и Харди постигнаа по 29 поени и беа носители во победата на тексашаните.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Бостон 99:111

Вашингтон – Кливленд 91:114

Бруклин – ЛА Клиперс 116:124

Чикаго – Сан Антонио 128:104

Хјустон – Сакраменто 120:140

Јута – Далас 111:124

Голден Стејт – Оклахома 141:114

Портланд – Милвоки 108:127

ПретходноХатајспор потврди: Атсу извлечен од под урнатините и пренесен во болница поради повредите
СледноПо многу пресврти: Борец го доби дербито со Лирија