Трагичен крај на потрагата по 28-годишен турски голман!

440

Откако беше објавено дека Кристијан Атсу, поранешен фудбалер на Челзи и Њукасл кој настапува за Хатајспор, по земјотресот е пронајден жив под урнатините, сега доаѓа тажна вест.

Заврши потрагата по Ахмет Ејуп Туркаслан, голманот на турскиот второлигаш Јени Малатијаспор. Неговото безживотно тело е пронајдено во урнатините, објави неговиот клуб на својот официјален Твитер профил.

„Нашиот голман Ахмет Ејуп Туркаслан го загуби животот во колапсот што се случи по земјотресот. Почивај во мир. Нема да те заборавиме“, соопшти турскиот второлигаш.

ПретходноСениорките се комплетираа на ден пред заминувањето за Сараево
СледноДимитријевиќ и Уникс им се вратија на старите навики!