На драмите во тимот на Кјелце им нема крај. Откако во последен момент, полскиот клуб ја спаси сезоната и најде буџет до крајот на истата, дојде нов проблем, а истиот се вика Недим Ремили.
Францускиот ракометар одби да патува со тимот во Кил, тој не тренира со останатите ракометари. Причината е неговиот трансфер во Веспрем. Унгарскиот вицепрвак и Ремили ги договорија детали, но Кјелце бара оштета од еден милион евра. Се додека овој трансфер не добие завршница тој нема да биде на услуга на полскиот тим.
Оваа ситуација не сакаше да ја коментира ниту Талант Душебаев.
„Не сакам да коментирам додека преговара за трансфер, ова се што можам да ви кажам за Ремили“, изјави Талант, кој имаше понуда од Пик Сегед во периодот кога Кјелце се чинеше дека ќе ја фати удолницата, во истата беа вклучени и неговите синови Алекс и Дани.