Пелистер со пораз се враќа од гостувањето кај Архус, беше совладан со 24-22 (11-11) во рамките на седмото коло во Европската лига. За битолчани ова беше четвртти пораз оваа сезона.
Избраниците на Ларс Валтер беа рамноправен противник само во првото полувреме, пред крајот на истото домаќинот најави дека намера да се предаде, а тоа го потврди во првите 15 минути од вториот дел кога отвори со 10-2 за 21-13.
Лејскак имаше 10 одбрани, Кизиќ пет, Радовиќ и Пешевски постигнаа по четири гола.
Скромно прво полувреме одиграа двата тима, до 11 минута паднаа само четири гола беше 2-2. Битолчани на крилата на одличниот Урбан Лесјак и неговите девет одбрани во овој дел имаа водство од два гола во голем дел од мечот. Во 20 минута, Валтер остана без услугите на Ненад Костески кој заработи директен црвен картон, па домаќинот успеа да изедначи на 8-8. Сепак подоцна Радовиќ и Лесјак зголемија на 8-10, до крајот, Пелистер прими три гола, а даде само еден за 11-11 на одморот.
На стартот на второто полувреме, Архус за вторпат поведе на мечот, првпат со два гола разлика 14-11. Ако се земат и завршните минути од претходниот дел, домаќинот направи серија од 5-1, а битолчани повеќе од седум минути немаа постигнато гол. Ојлески го прекина молкот (14-12), Пелистер имаше среќа што во меѓувреме противникот не ги казни нивните грешки максимално.
Архус во 43. минута поведе и со плус пет (18-13), откако битлчани редеа технички грешки. Валтер се обиде со нов тајм-аут да ги разбуди своите играчи, не помогна, данскиот тим поведе и со 21-13. За 16 минути домаќинот направи серија од 10-2.
Пешевски, Петар Атанасијевиќ и Васиљев кончено сврзаа три гола за Пелистер и намалија на 21-15. Пешевски со два нови гола нешто подоцна намали на 22-18, а со голот на Петар Атанасијевиќ се доближи на 24-21, тој и неговиот брат Павле не искористија шанса да намалат на минус еден.
Пелистер на стартот на оваа година влезе со три порази, два во СЕХА-лига и еден во Европската лига.