Македонскиот тенисер, Калин Ивановски не застанува. Пред малку завери ново осминафинале, овој пат на новиот турнир во Монастир, Тунис.
Ивановски не виде мака, во првото коло за противник го имаше Рафаел Шаер од Швајцарија. Нашиот најдобар тенисер овој дуел го доби со 2-0 во сетови поточно загуби само еден гем, и тоа во вториот 6-0 и 6-1.
Македонскиот тенисер во осминафинале ќе игра против подобриот од Шпанецот Рос и Италијанецот Пичионе.