Наполи и Манчестер Јунајтед водат преговори за голгетерот на наполитанците Виктор Осимен. Според „Газета дело Спорт“ преговорите траат интензивно веќе неколку месеци и наводно Наполи е сигурен дека ќе успее да издејствува сума од 120 милиони евра која „црвените ѓаволи“ ова лето ќе ја платат за Нигериецот.
Оваа сума е она што Наполи сака да го добие за да го пушти Осимен, кој годинава игра во одлична форма. Манчестер Јунајтед во тајност разговара со Наполи, за да се обиде да го победи Челзи, за кој се верува дека исто така на лето ќе се обиде да се вклучи во битката за потписот на Осимен.
24-годишниот напаѓач има 17 гола и 3 асистенции во 20 настапи за Наполи во сите натпреварувања оваа сезона.