Ново големо признание: Бојан Миовски е играч на колото во Шкотска!

402

Бојан Миовски игра одлична сезона, блеска во дресот на Абердин. По новите два гола, македонскиот репрезентативец прво се најде во тимот на колото во шкотската Премиер-лига, а сега веќе доби уште едно големо признание.

Миовски е прогласен за играч на колото во овој шампионат.

Тој против Мотервел за пет минути “стегна“ два гола и му донесе победа на својот тим од 3:1. Бојан има 14 голови сезонава и се наоѓа на третата позицијата на листата на стрелци во елитната лига на Шкотска.

„Македонскиот маестро Бојан Миовски беше одличен во победата. Тој е ѕвездениот човек оваа недела“, стои во објаснувањето за македонскиот репрезентативец. 

ПретходноБурна прес-конференција на Анчелоти, застана во одбрана на својот играч (ВИДЕО)
СледноСениорките се комплетираа на ден пред заминувањето за Сараево