Хатајспор потврди: Атсу извлечен од под урнатините и пренесен во болница поради повредите

303

По сите информации и деманти за тоа дели фудбалерот Кристијан Атсу е извлечен од под урнатините во Турција, утрово стигна и потврда од прес-службата на Хатајспор која потврди дека фудбалерот е извлечен жив од под урнатините. Мустафа Озат, портпарол на Хатајспор, клубот за кој настапува Атсу објави дека 31-годишниот Гананец е пронајден, но се уште се трага по Танер Савут, спортскиот директор на клубот.

„Кристијан е пронајден и се лекува во болница поради повредите. Се уште се трага по Танер Савут“, напиша тој.

ПретходноХофенхајм го смени тренерот после 13 меча по ред без победа
СледноТомпсон погоди 12 тројки за победа на шампионот, Далас победи и без Дончиќ