Баерн официјално го доведе тренерот на голманите на Хофенхајм

103

Германскиот шампион Баерн Минхен потпиша договор со тренерот на голманите на Хофенхајм, Михаел Рехнер, соопшти баварскиот клуб. Ова доаѓа како последица на отказот кој го доби досегашниот и долгогодишен тренер на голмани во Баерн Тони Топаловиќ и која што одлука наиде на огромно разочарување на Мануел Нојер, неприкосновениот чувар на мрежата на клубот повеќе од деценија.

Тој е сега повреден, и ќе се лекува уште извесно време, па јавноста во Германија се прашува како Нојер сега ќе реагира на Рехнер како свој нов претпоставен во тимската хирерархија.

ПретходноГог со цел плен од Веспрем, ПСЖ го освои Загреб
СледноЃорѓиев и АЦХ Волеј поразени во првото четвртфинале на Купот на ЦЕВ