Микел Хансен е “под стрес“, ќе паузира одреден период!

324

Микел Хансен, еден од најдобрите ракометар во светот, еден од клучните ракометари на Данска, која недомна на СП го освои третото злато во низа е болен.

Тој ќе мора одреден период да биде надвор од ракометот.

Хансен пројавил симптоми на стрес, па затоа одреден период ќе го нема на ракометните терени.

Оваа вест ја потврди неговиот клуб Алборг:

– По враќањето дома од финалето на СП, чашата се прели, а заедно го направивме единствениот правилен избор, каде фокусот е целосно на Микел да ја добие потребната време и професионална поддршка за закрепнување.Со нетрпение го очекуваме враќањето на Микел, но во моментов најважно е тој да се грижи за себе и за своето семејство“ велат од клубот.

ПретходноЧиро Блажевиќ 1935-2023: Белиот шал. Сине мој. Динамо 1982. Бронзата од СП. Царот на Приштина!
СледноНедановски пред дуелот со Татран: Секако дека Вардар ќе оди на победа!