Митревски фантастичен во првата победа на Порто во ЛШ (ВИДЕО)

168

И конечно Порто ја запиша првата победа оваа сезона во Лигата на шампиони. Тимот за кого настапува Никола Митревски на домашен терен го совлада Динамо Букурешт со убедливи 31-23.

Македонскиот репрезентативец блескаше во првото полувреме имаше десет одбрани, една од седум метри. На крајот зад своето име запиша 12 интервенции. На голот застана на Фрадсен во вториот дел и тој имаше клучни одбрани. Финишот му припадна на Митревски, кој продолжи со своите одбрани.

Порто фати чекор пред крајот на првото полувреме, со серија од 3-0  поведе со 14-12 на одморот, а потоа во продолжение одржуваше предност од еден до два гола. На средината на вториот дел беше 22-19, додека во 54 минута позитивата беше 26-21. Чави Пасквал не успеа да најде решение, негативата беше голема и недостижна, не помогнаа во меѓувреме ниту двата тајм-аута. Порто веќе имаше фатено залет, без проблем зголеми на 29-22.

ПретходноИбра се врати на тренинзи и порача: Се уште сум бог!
СледноОва го има само во Италија: Трипати го назначија за тренер и трипати му даваат отказ!