Ова го има само во Италија: Трипати го назначија за тренер и трипати му даваат отказ!

508

Шпанецот Пеп Клоте денеска доби отказ на кормилото на италијанскиот второлигаш Бреша. Тоа и немаше да биде чудно, ако овој отказ не му е трет во последните две години и тоа трет во истиот клуб.

Шпанскиот тренер од 2021 година трипати беше вработен како тренер на Бреша и трипати беше отпуштен. Се започна во февруари 2021 година, кога Шпанецот за првпат беше ангажиран како тренер во италијанскиот клуб.

Првата авантура ја заврши во јуни истата година, кога беше отпуштен од функцијата главен тренер по разочарувачките резултати.

Клоте беше вратен на кормилото на Бреша по вторпат во летото 2022 година, но по само неколкумесеци на 21 декември 2022 година, Бреша вторпат му врачи отказ.

Третиот кам-бек во Бреша се случи на 16 јануари оваа година, неполн месец по заминувањето, но овој пат не се задржа ни еден месец на клупата. Тимот загуби трипати во серија, а Пеп Клоте денеска повторно доби отказ.

ПретходноМитревски фантастичен во првата победа на Порто во ЛШ (ВИДЕО)
СледноЈунајтед губеше со 0:2 па освои бод со Лидс! (ВИДЕО)