Управата на МЗТ Скопје јавно им се заблагодари на фановите за поддршката на мечевите со Олимпија и Работнички!

223

МЗТ Скопје на последните два меча на свој терен, со Олимпија и Работнички покажа дека и тоа како знае да игра квалитетна кошарка. Извојувани се две победи и тоа со стил.

За вакви мечеви секако дека е неопходна и поддршка од трбините, а тимот истата ја доби.

Токму затоа денеска управата на клубот јавно им се заблагодари на своите фанови во официјалното соопштение:

Управата на МЗТ Скопје Аеродром изразува огромна благодарност до верните навивачи, симпатизери и до сите други спортски вљубеници, кои ни го дадоа потребниот ветер в грб на средбите против Цедевита Олимпија и Работнички, во кои дојдовме до исклучително значајни победи.

Прикажаното на теренот и енергијата што можеше да се види на паркетот, но и на трибините, ни дава право да се надеваме дека доаѓаат подобри времиња за нашиот клуб, особено на интернационална сцена, каде што во последната деценија редовно со гордост ја претставуваме македонската кошарка. Само заедно, во позитивна атмосфера и сплотени со навивачите и симпатизерите ќе може да дојдеме до посакуваните цели, а тоа е опстанок во АБА и триумф во двете домашни натпреварувања.

Нашите мисли сега се насочени кон петочното гостување кај Морнар, каде што патуваме со желба да дојдеме до првата победа на гостинските терен во регионалното натпреварување. Самодовербата кај кошаркарите е на многу повисоко ниво, што ни дава надеж дека ќе може да ја продолжиме победничката низа“ стои во соопштението на нашиот шампион.

ПретходноИталијанката Басино го освои златото во супервелеслаломот на СП!
СледноПроблеми во Тотенхем: Лорис со тешка повреда, пауза од најмалку два месеци!