Акциите на Манчестер Јунајтед вртоглаво пораснаа во само еден ден

606

Акциите на Манчестер Јунајтед пораснаа за цели 17% по веста утринава дека група катарски инвеститори се подготвуваат да поднесат многу сериозна понуда за купување на клубот. Дејли Мејл утрово ексклузивно откри дека претставници на нафтениот гигант од Блискиот Исток ќе испратат понуда до Глејзерс во наредните денови и се уверени дека оваа операција ќе успее

Дејли Меил додава дека Катарците се подготвени да направат сериозни инвестиции во клубот доколку станат сопственици. Освен тоа, ќе се соочат и со еден многу сериозен проект, реновирање на „Олд Трафорд“ или изградба на нов модерен објект. Групацијата од Катар би му обезбедила и сериозни финансии на Ерик Тен Хаг за следниот летен преоден рок.

Сегашните сопственици, семејството Глејзерс бара околу шест милијарди фунти за клубот. Очигледно, сите овие вести ентузијастички влијаеја на очекувањата за идниот договор, што пак ја зголеми цената на клубот за речиси една петтина за само неколку часа. Сите потенцијални понуди за „црвените ѓаволи“ се очекува да пристигнат во наредните денови, по што ќе започнат преговорите.

Американската инвестициска банка „ Ријн “, која ја спроведе продажбата на Челзи минатата година, ја контролира и продажбата на Манчестер Јунајтед . Планот на сите инволвирани страни е дека договорот може да биде комплетиран пред да се отвори летниот преоден рок.

ПретходноУжас: Има 40 милиони евра а не сака да даде 1.000 евра за болничко лекување на својата ќерка!
СледноДресовите на Кристијано, Бонучи и Дибала на продажба за да се соберат средства за жртвите во Турција