Гог со цел плен од Веспрем, ПСЖ го освои Загреб

155

Веспрем го запиша вториот пораз оваа сезона во Лигата на шампиони, откако на домашен терен беше совладан од ГОГ со 36-37. Унгарскиот вицепрвак почна лошо, губеше со 0-4 и 2-6, но пред крајот на првото полувреме успеа да се врати и да дојде до водство од 21-19. Сепак гостите во продолжение продолжија со добрата игра, пак дојдоа на плус четири 24-28 и 25-29, и одлично се снајдоа во неизвесната завршница.

Толбринг и Мадсен со по 8 гола беа први стрелци кај победникот, на другата страна Ненадиќ имаше ист број на погодоци.

ППД Загреб му прижи силен отпор на ПСЖ на Раул Гонзалес, но тоа не беше доволно за изненадување. Францускиот тим славеше со 30-33 и остана на првото место на табелата во групата А.

Хрватскиот состав го имаше расположениот Тимур Дибиров кој пистигна десет гола. Девет од нив беа во првото полувреме по кое ПСЖ успеа да го сопре во изедначената игра. Соле со 11 гола пак беше лидер кај гостите.

ПретходноМладински репрезентативец на Македонија со професионален договор во Црвена Звезда
СледноБаерн официјално го доведе тренерот на голманите на Хофенхајм