Во петок на свој терен, пред своите верни фанови, Вардар го очекува Татран во меч од СЕХА лигата. Со оглед на поразот на гости со четири голови, прекрасно ќе биде Вардар да извојува победа со пет гологви разлика.
Со тоа се сложува и десното крило на нашиот првак, Гоце Георгиевски, еден од клучните играчи на Вардар.
“Би било фантастично да победиме со пет голови разлика, ако се случи тоа тогаш речиси ќе го освоиме првото место во групата. Правиме анализа од првиот меч, ќе видиме каде сме грешеле. Јасно е дека Татран е добра, квалитетна екипа, но не криеме, одиме на победа, се надевам дека таа победа ќе биде изразена со најмалку пет голови разлика. Според мене мораме да одиграме добра добрана, добрата одбрана го добива натпреварот. Ако тој сегмент од нашата игра функционира како што треба тогаш верувам дека ќе ги оствариме нашите цели на мечот со Татран“ заклучи Георгиевски.