Турскиот фудбалер Мерих Демирал најави дека на аукција ќе ги стави дресовите од неговата приватна колекција а тоа се на потпишаните дресови од Јуве на Кристијано Роналдо, Леонардо Бонучи и Пауло Дибала од Рома се со цел за да се соберат средства за помош на настраданите од катастрофалниот земјотрес во Турција што се случи пред два дена.
Демирал кој сега е во Аталанта беше дел од Јувентус пред две сезони и беше соиграч на Роналдо и Киелини.
“Пред малку разговарав со Роналдо. Тој ми кажа дека е многу тажен поради тоа што се случи во Турција. На аукција ставаме дрес со негов автограм од мојата колекција. Сите приходи од аукцијата ќе бидат донирани за да се искористат за областа на земјотресот“, напиша фудбалерот на Твитер.
Az önce @Cristiano ile konuştum.
Türkiye’de yaşananlara çok üzüldüğünü söyledi. Ronaldo’nun koleksiyonumdaki imzalı formasını açık artırma usulüyle satışa çıkarıyoruz.
Açık artırmadan elde edilecek gelirin tamamı deprem bölgesinde kullanılmak üzere @ahbap ‘a bağışlanacaktır. pic.twitter.com/OwnU93oShJ
— Merih Demiral (@Merihdemiral) February 7, 2023