Ибра се врати на тренинзи и порача: Се уште сум бог!

250

Златан Ибрахимовиќ се врати на тренинзите на Милан и во првото интервју не пропушти да посочи дека се уште е бр.1.

„Сè уште сум бог“. Вака Ибра го започна интервјуто за италијански „Спорт Медиасет“, кога го прашаа како се чувствува откако толку долго беше надвор од терените поради повреда.

41-годишниот Швеѓанец нема одиграно ниту еден меч за Милан оваа сезона, бидејќи е надвор од терените поради повреда на коленото од минатиот мај.

„Сè уште сум број еден. Сега се вратив и музиката ќе се смени. Многу сакам да играм. Сакам да направам толку многу работи, откако изгубив толку многу време во последните седум-осум месеци“, вели Ибрахимовиќ.

ПретходноРеал (М) се намачи, но на крајот убедливо дојде до финале на светското клупско првенство (ВИДЕО)
СледноМитревски фантастичен во првата победа на Порто во ЛШ (ВИДЕО)