Кузмановски кај Миркуловски во Вецлар!?

371

Филип Кузмановски, еден од нашите најдобри ракометари, како што пишува “БИЛД“, најверојатно ќе го напушти Хановер и ќе се пресели во друг тим од Бундеслигата и тоа во Вецлар каде што помошен тренер е нашата ракометна легенда Филип Миркуловски.

Интересно е тоа што утре играат токму Вецлар и Хановер, но Кузмановски нема да биде дел од натпреварот и тоа поради најавениот трансфер.

Да споменеме дека Кумановски досега во својата кариера има играно за Пелистер, Металург, Магдебург а во Хановер веќе е трета сезона.

ПретходноДодевски останува верен на Пролет!
СледноЧиро Блажевиќ 1935-2023: Белиот шал. Сине мој. Динамо 1982. Бронзата од СП. Царот на Приштина!