Лазар Лечиќ: Разочаран сум од кошарката! Срамота е што пропаѓа „Градски парк“!

2273

Лазар Лечиќ, синонимот на македонската кошарка, многу пати во изминатиот период потенцира дека патеката по која чекори овој спорт е погрешна. Според него нема никаков систем, се дава предност на странците, а никој не мисли на младите играчи кои треба да бидат темел на македонската репрезентација.

„Многу сум разочаран од македонската кошарка. Порано МЗТ Скопје и Работнички играа пред полни сали, беа без странци, а се правеа големи резултати. Денеска е спротивно, голем организационен проблем кај младите категории, па и кај сениорите. Играат АБА-лига неподготвени.

Порано Работнички и МЗТ Скопје правеа резултати, правеа играчи, низ Македонија даваа играчи тренери, играчи им помагаа на сите клубови, но фазата во развој е запрена.

Имаме натпреварување во кое клубовите гледаат да имаат повеќе странски играчи, како ќе одиме напред не знам. Младите деца седат на клупа, добиваат по една минута, некои не добиваат ниту една минута. Послабо него што беше, а има повеќе пари. Според мене треба да има двајца странци во тимовите доколку сакаме да имаме иднина во репрезентацијата, мора да има систем“, рече Лечиќ во гостувањето за “Утринска” за Сител.  

Тој не може да се помири дека еден кошаркарски дом како „Градски парк“ пропаѓа.

„Штета што пропаѓа салата, никој ништо не прави. Срамота е да не успееш да задржиш еден ваков дом кој постои толку долго време“, коментираше Лечиќ кој наполни 84 години. 

ПретходноЕ.Пелистер 2 се засили пред продолжение на сезоната!
СледноМитрашиновиќ не губи надеж: Да го завршиме овој циклус на најдобар можен начин, па зошто не и со победа?