Лудило од Србинот: Јокиќ со нов трипл-дабл, го оствари во првото полувреме (ВИДЕО)

2572

Вечерта во која Леброн Џејмс стана најдобар стрелец на сите времиња во НБА, Никола Јокиќ ја продолжи својата рекордна серија. Во убедливата победа на Денвер над Минесота од 146-112, тој постигна 20 поени, 16 асистенции и 12 скока и со тоа го оствари четвртиот последователен трипл-дабл, 10-ти во последните 12 настапи, 29-ти во сезоната и 95-ти во кариерата.

Сето тоа го направи пред последната четвртина, за само 28 минути игра. За толку кратко време на паркетот само Меџик Џонсон и Расел Вестбрук остварија трипл-дабл со најмалку 20 поени, 15 асистенции и 10 скока пред српскиот центар. Впрочем, тој стигна до трипл-дабл по само 18 минути игра, уште во првото полувреме.

Со оваа победа Нагетс се зацврстија на врвот на Западот со скор од 38-17, а Јокиќ со трипл-дабл просек од 24,7 поени, 11,3 скока и 10,2 асистенции е на пат кон својот трет последователен МВП во НБА-лига.

Резултати: Орландо – Њујорк 98-102, Бруклин – Феникс 112-116, Њу Орлеанс – Атланта 116-107, Мемфис – Чикаго 104-89, Денвер – Минесота 146-113, ЛА Лејкерс – Оклахома 130-133.

ПретходноТажен ден: Почина Чиро Блажевиќ!
СледноФотографија тешка 76,777 поени!