Младата надеж на македонскиот фудбал, Стефан Младеновски потпиша професионален договор со српскиот фудбалски гигант, Црвена Звезда.
Младеновски кој има 15 години потекнува од школата на Вардар и е македонски репрезентативец во селекцијата до 17 години.
Младеновски игра на позицијата напаѓач и има исклучително чувство за гол. Според српските медиуми, тој брзо се вклопил во тимот на тренерот Милорад Вилотиќ и се очекува оваа пролет да биде носечки дел од играта на јуниорско-кадетскиот тим на „црвено-белите“.