Кајл Кузма од Вашингтон Визардс важеше за недопирлив поради тоа што го носи пред натпреварите во НБА. Овој кошаркар од ден на ден го шокира светот со изборот на облека, а се чинеше дека никој не е ни блиску до него.
Сепак, очигледно е дека има и други ѕвезди кои се подготвени да носат бизарни работи, а меѓу нив е и кошаркарот на Оклахома Сити Тандер, Шаи Гилџес-Александер.
Пред мечот против Лос Анџелес Лејкерс, тој од улица се појави облечен како ситен криминалец, но освен панталоните и јакната, најмногу внимание привлекоа неговите обувки.
Шаи облече огромни црвени патики. Подобро кажано, нешто што личи на патики и апсолутно ги шокираше сите присутни, но и НБА навивачите кои мислат дека се повеќе кошаркари изгледаат како кловнови поради тоа што го прават.
SGA arrives to tonight’s big game pic.twitter.com/uCjeD6m7yO
— NBACentral (@TheNBACentral) February 8, 2023