Недановски пред дуелот со Татран: Секако дека Вардар ќе оди на победа!

109

Во петок, од 18:30 часот во меч од СЕХА лигата, нашиот првак тимот на Вардар во „Јане Сандански“ го очекува тимот на Татран Прешов.

Меч од исклучително значење за Вардар ако се знае дека минатата недела на гости вардарци беа поразени од истиот тим.

Цо пресрет на овој меч, стратегот на Вардар, Владо Недановски на денешниот прес истакна:

На првиот меч кај Татран одигравме добро, имавме и водство, но потоа дојде до пад во играта. Бевме уморни, имавме и неколку нови играчим ни недостигаше воиграност. Сметам дека добро сме подготвени за дуелот во петок, секако дека ќе одиме на победа. Е, сега дали таа ќе биде поголема од четири разлика, ќе видиме, но ќе сториме се што треба за да победиме и да се бориме за првото место во групата. Имаме повредини играчи, Моралес е повреден, но што е тука е“ посочи Недановски.

ПретходноМикел Хансен е “под стрес“, ќе паузира одреден период!
СледноПровокаторот Стефанов во чудо: Се срамам што една бугарска провинција како Македонија има стадион како од бајките, а ние не!