Нобл: Не можеме да бидеме лути на Деклан Рајс што сака да си замине

299

Спортскиот директор на Вест Хем и легендарен играч на овој клуб, Марк Нобл ја смета желбата на Деклан Рајс да си замине од таму за сосема нормална. Фудбалерот од средниот ред не сака да го продолжи договорот кој му истекува во 2024 година и голема е веројатноста да го промени тимот по крајот на сезоната. Деновиве излезе информација дека минатото лето „чеканите“ одбиле понуда за него од Манчестер Јунајтед од 100 милиони фунти.

„Ние сме Вест Хем и нашите играчи сакаат да одат на друго место за да играат во Лигата на шампионите. И дали треба да ги обвинуваме за тоа? Деклан не е исклучок. Мислам дека никој не го мрази затоа што сака да освојува трофеи“, изјави Нобл во интервју за Evening Standard па додаде.

„Ова е светот во кој живееме. Овде Рајс секогаш ќе биде пофален како врвен фудбалер. Тој вреди секоја фунта без разлика дали е тука или на друго место. Деклан беше искрен дека сака да игра за Вест Хем, но тој е амбициозен човек и сонува да освојува трофеи. Не можеме да му се налутиме што е амбициозен човек. Да не беше таков, веројатно немаше да биде толку добар играч“, заклучи Нобл.

ПретходноТрагедија во Виена: Убиен екс репрезентативец на Австрија
СледноРемили си замина од Келце и се пресели во Телеком Веспрем