Она што се подготвува на „Олд Трафорд“ ќе го раздрма фудбалскиот свет!

3014

Манчестер Јунајтед е гигант во светскиот фудбал. Сепак, 10 години и од заминувањето на Сер Алекс Фергусон, клубот не може да ја освои титулата шампион на Англија, а трофеи освојуваше само Жозе Мурињо.

Навивачите на Јунајтед го обвинуваат семејството Глејзер за долгогодишниот неуспех. Нивната желба е да си заминат, а тоа најверојатно ќе се случи наскоро бидејќи американски бизнисмени решија да го продадат клубот.

Серија преговори со заинтересираните страни веќе се во тек. Очигледно, најблиску до преземање на гигантот од „Олд Трафорд“ се катарските бизнисмени кои сакаат од Јунајтед да направат гигант со кој ќе ја покори Европа.

Група богати луѓе од Катар ќе ја претстават својата понуда во наредните денови. Тие се уверени дека таа ќе биде веројатно најдобрата од сите што ќе пристигне, а веќе имаат огромни планови за тимот за иднината. Понудата е неверојатни 8 милијарди фунти, повеќе од 6 милијарди за сегашните сопственици.

ПретходноАБА-лига го прогласи Кук за МВП на 18. коло!
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА со донација за ЈЗУ Општа болница Кичево!