Попладнево на стадионот на Автокоманда во Скопје, Вардар како гостин во пријателски натпревар ги победи „пиратите“ со 1:3.
Скопје поведе со голот на младиот Азер Омерагиќ за 1:0, но до крајот на полувремето вардарци израмнија со голот на Жоглев, со тие 1:1 се замина на пауза.
Во второто полувреме второлигашот со головите на Дошев и Десниќ дојде до победата од 1:3.