Проблеми во Тотенхем: Лорис со тешка повреда, пауза од најмалку два месеци!

112

Нов проблем за Тотенхем. По отсуството на стратегот Антонио Конте поради операција, потешко е повреден голманот и еден од клучните играчи на “спарси“ Уго Лорис.

Повеќе од сигурно е дека ќе биде во “аут“ барем два месеци, а тоа значи дека ќе ги прескокне двата дуели до 1/8 финалето во Лиата на Шампионите против Милан.

На овие два меча, но и на останатите пред се во Премиерлигата, шанса да застане на гол линијата ќе добие Фрејзер Фостер.

ПретходноУправата на МЗТ Скопје јавно им се заблагодари на фановите за поддршката на мечевите со Олимпија и Работнички!
СледноПријателска: Вардар со триумф над Скопје на Автокоманда!