Дени Илиев, нашиот репрезентативен голман од денеска има нов клуб. А тоа е Халсинки, најдобриот клуб во Финска. Попладнево беше извршена и промција, имено луѓето од Хелсинки се пофалија дека ангажирале големо засилување, репрезентативец на Македонија и некогашен член на Арсенал.
Договорот е на 1+1 година.
На промоцијата покрај другото Илиев изјави:
“Задоволство ми е што сега сум дел од еден таков клуб како Хелсинки. Со нетрпение очекувам да ги запознаам своите нови клупски колеги, исто така и фановите. Едвај чекам да стартува новата сезона“ посочи Илиев.