Саудиска Арабија има цел да биде организатор на СП во 2030 година. Има уште кандидати, но пребогатите Арапи сакаат да го добијат Мундијалот по секоја цена.
Планот им е во организацијата да ги вклучат и Египет и една земја на Балканот, а таа е Грција. Три земји организатори кои се наоѓаат на три континенти.
Се со цел да добијат што поголема поддршка, тие речиси со сила ја “тераат“ Грција во овој проект само да добијат поддршка и од овој дел на светот.
Па така Саудијците им ветиле на Грците дека за потребите на СП во 2030 тие во Грција ќе изградат три супер модерни стадиони.
Планот на Мохамед бин Салман, пребогатиот шеик и газда на Њукасл, е 75% од натпреварите да се играат во Саудиска Арабија а само 25% во Грција и Египет.