Трагедија во Виена: Убиен екс репрезентативец на Австрија

484

Некогашниот фудбалски репрезентативец на Австрија, Волкан Кахрман, денеска е застрелан од засега непознат сторител пред еден кафе бар во главниот град на оваа земја, Виена.

Првичните информации говорат дека по вербална расправија на Кахраман и засега непознатиот сторилел, со кого Кахраман имал вербална расправија во еден момент извадил пиштол и го застрелал. Откако сфатил што направил напаѓачот се самоубил.

Сведоците на оваа трагедија, од она што првично се дознава велат дека двајцата било очигледно дека добро се познаваат и дека најпрво разговарале во кафе барот пред да излезат надвор од него. Расправијата добила на интензитет, и во еден момент сега веќе убиецот на Кахраман се решил да го застрела, а потоа да си пресуди и самиот себеси.

 

ПретходноДресовите на Кристијано, Бонучи и Дибала на продажба за да се соберат средства за жртвите во Турција
СледноНобл: Не можеме да бидеме лути на Деклан Рајс што сака да си замине