Германскиот шампион Баерн Минхен потпиша договор со тренерот на голманите на Хофенхајм, Михаел Рехнер, соопшти баварскиот клуб. Ова доаѓа како последица на отказот кој го доби досегашниот и долгогодишен тренер на голмани во Баерн Тони Топаловиќ и која што одлука наиде на огромно разочарување на Мануел Нојер, неприкосновениот чувар на мрежата на клубот повеќе од деценија.
Тој е сега повреден, и ќе се лекува уште извесно време, па јавноста во Германија се прашува како Нојер сега ќе реагира на Рехнер како свој нов претпоставен во тимската хирерархија.
FC Bayern verpflichtet Torwarttrainer Michael Rechner.
— FC Bayern München (@FCBayern) February 8, 2023