Леброн Џејмс испиша историја, стана најдобар стрелец во НБА лигата на сите времиња (ВИДЕО)

319

Кошаркарот на ЛА Лејкерс Леброн Џејмс испиша историја, стана најдобар стрелец на сите времиња во НБА-лигата, откако на мечот против Оклахома постигна 38 поени. „Кралот“ го симна од тронот легендарниот Карим Абдул Џабар.

Леброн сега има 38.390 поени, штета што неговиот тим не успеа да дојде до триумф, беше совлада со 130-133.

„Му честитаме на Џејмс за остварување на еден од најголемите рекорди во светот на спортот и на тоа што стана најдобар стрелец во историјата на сите времиња. Ова големо достигнување ја покажува неголемата велиќина во 20 сезони во НБА-лига. Навистина е чудесно што Леброн продолжува да игра врво ниво и што неговата кошаркарска историја се уште се пишува“, соопштија од НБА.

Целата сала му се поклони на Леброн, а меѓу гостите беше Карим Абдул Џабар, кој лично му го честиташе овој голем момент на Леброн.

Леброн својата професионална кариера ја почна во 2003 година во Кливленд. Во повеќе од 20-те години минати на теренот, играше уште за Мајами и Лејкерс, освои четири НБА прстени, два со Мајами, по еден со Кливленд и Лејкерс.

ПретходноЧурлинов и Барнли со гол во 94 минута се пласираа во 1/8 финале на Купот
СледноТажен ден: Почина Чиро Блажевиќ!