Дресовите на Кристијано, Бонучи и Дибала на продажба за да се соберат средства за жртвите во Турција

168

Турскиот фудбалер Мерих Демирал најави дека на аукција ќе ги стави дресовите од неговата приватна колекција а тоа се  на потпишаните дресови од Јуве на Кристијано Роналдо, Леонардо Бонучи и Пауло Дибала од Рома се со цел за да се соберат средства за помош на настраданите од катастрофалниот земјотрес во Турција што се случи пред два дена.

Демирал кој сега е во Аталанта беше дел од Јувентус пред две сезони и беше соиграч на Роналдо и Киелини.

“Пред малку разговарав со Роналдо. Тој ми кажа дека е многу тажен поради тоа што се случи во Турција. На аукција ставаме дрес со негов автограм од мојата колекција. Сите приходи од аукцијата ќе бидат донирани за да се искористат за областа на земјотресот“, напиша фудбалерот на Твитер.

 

ПретходноАкциите на Манчестер Јунајтед вртоглаво пораснаа во само еден ден
СледноТрагедија во Виена: Убиен екс репрезентативец на Австрија