Македонскиот репрезентативец и член а Наполи, Елиф Елмас како што и доликува испрати емотивна порака на социјалните мрежи по повод тешката ситуација во која се најде Турција после катастрофалниот земјотрес.
Познато е дека Дијамантот има посебни емоции кон Турција, поради своите семејни корени, но и поради фактот дека играше во Фенербахче од каде направи трансфер во Наполи.
„Моја драга земјо. Секој прави што може. Заедно ќе ги поминеме овие тешки денови. Турција е мојата земја и јас ќе го направам мојот дел. Рака под рака , заедно ќе ги надминеме овие денови“ порача Дијамантот.