Ѓорѓиев и АЦХ Волеј поразени во првото четвртфинале на Купот на ЦЕВ

88

Словенечкиот одбојкарски шампион АЦХ Волеј во чии редови прва ѕвезда е нашиот репрезентативен капитен Никола Ѓорѓиев, загуби во првиот четвртфинален меч од Купот на ЦЕВ против италијанска Модена.

Очекувано, италијанскиот тим предводен од одбојкарската легенда Андреа Џани дојде до победа од 3:1 во сетови и практично на овој прв меч во Словенија успеа да зачекори кон полуфиналето.

Ѓорѓиев одигра добар натпревар и успеа да реализира 15 поени со што беше најдобар реализатор во словенечкиот тим. Реваншот ќе се игра следната среда во Модена.

ПретходноБаерн официјално го доведе тренерот на голманите на Хофенхајм
СледноАлиоски и Фенербахче во хуманитарна акција за настраданите во земјотресот во Турција (ФОТО)