Штипска Брегалница ги финишира подготовките за пролетниот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига. Во досегашниот дел од подготовките „сините“ одиграа шест пријателски натпревари н акои остварија четири победи, едно реми и еден пораз.
„Ги финишираме подготовките со третата финална фаза преку која желбата е да се постигне посакуваната натпреварувачка форма. Може да кажам дека задоволен сум од подготовките во Охрид, дисциплината и пристапот на играчите и на тренажниот процес и на самите натпревари па верувам дека подготовени ќе го дочекаме стартот на пролетниот дел од сезоната“, вели Горан Здравков.
„Во Охрид го реализиравме планираното и од аспект на комплетен тест на сите фудбалери низ четирите пријателски натпревари. Сите фудбалери добија шанса, па сега останува уште финишот пред креацијата на тимот за продолжението од првенството“.
За „сините“ останува уште „генералката“ против Беласица која ќе се одигра на 12 февруари на Градскиот стадион во Штип.