Братот на Лео Меси, Матијас Меси, на социјалните мрежи и тоа како „удри“ по Барселона, односно по претседателот на каталонскиот клуб Хоан Лапорта.
За тоа дали семејството Меси се враќа во Барса, Матијас имаше што да каже:
“Нема да се враќаме во Барса, и ако се вратиме тогаш ќе има чистење. Меѓу првите кои ќе ги протераме ќе биде Лапорта. Тој како да не е свесен што Лео има дадено за Барса. Каталонците се предавници, убаво велеше мојата мајка дека каталонците се предавници и дека Лео ќе заврши исто како Роналдињо. Еве тоа и се случува“ напиша братот на Лео.
Нешто подоцна, по се изгледа откако добил лекција од Лео, Матијас Меси се извинуваше…
„Сакам да се извинам за тоа што го реков а излезе на социјалните мрежи.Само се шегував. Како такво нешто би можел да помислам за една Барселона, клубот која толку му даде на Лео и на целото наше семејство. За нас Каталонија е втор дом, посебно им се извинувам на фановите“ напиша покрај другото Матијас Меси.